(ФОТО) Сумела- Православен манастир посветен на Богородица во Турција

Сумела е Православен манастир посветен на Богородица и се наоѓа на планината Мела во провинцијата Трабон во Турција. Тој претставува едно од најважните православни светилишта во светот.

Иако изгледа недостапно, посетителите лесно можат да стигнат до него , преку специфичен пат низ шумата.

Манастирот со камена црква , капели, студентските соби , библиотеката, Светиот из-от вор, кујната и куќата за гости се отворени за туристи. Разноболните фрески се од 14-от и  18-от век и се многу добро сочувани. Манастирот има импресивна архитектура, буквално е врежан во карпите и овозможува восхитувачки панорамски поглед кон долината Алтхдере.

На влезот на манастирот е наоѓа голем аквадукт преку кој се носело вода. Скалите пред влезната врата на манастирот се тесни и долги. Лево пред пештерата има различни манастирски објекти. Десно е библиотеката.

Фреските во параклисот датираат од почетокот на 18 век и може да се види дека се направени од три слоја во три одделни периоди. На фреските се прикажани теми од Библијата, животот на Исус и Дева Марија.

Манастирот беше затворен за посетители во септември 2015 година поради ризик од одрон на карпите.

Турското Министерство за култура и туризам во февруари 2016 година започна опсежна реставрација на манастирот која заврши во јули 2020.

 

трт балкан