Лидерот на Алијанса на Албанците Зијадин Села, денес по средбата со премиерот Димитар Ковачевски рече дека тој и неговата партија го поддржуваат францускиот предлог.
„Патот кон ЕУ оди преку преговори кои треба да се постигнат со земјите на ЕУ. Нема двоумење, Алијанса е важна на овие линии, ние сме главни чинители кои ги почнавме овие промени за да бидеме денес членка на НАТО Алијансата, за да бидеме побезбедни во оваа криза во Украина, затоа и зачленувањето на Македонија во ЕУ има геополитичко значење. Затоа политичарите треба помалку да размислуваат за политички поени, туку да размислуваат за регионот да биде постабилен“, рече Села.
Тој рече дека сега ги разбираат и нив Албанците како им било со албанскиот јазик.
„Кога ќе се отвори Уставот, треба да се корегира и да стои албански јазик а не дефиниција ‘јазик што го зборуваат повеќе 20 отсто од населението’. Добро би било да се третира и ова. Алијанса на Албанците ќе инсистира на ова.
извор: novatv.mk
фото: novatv.mk