Пукотници на плажа во Валона

0
337

Инцидент со пукотници од огнено оружје се случил на плажата Радиме, кај албанскиот приморски град Валона.

Како што пренесуваат албанските медиуми има повредени, а туристите во паника го напуштиле местото.

Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот, а ангажирани се и припадници на единицата за брзо распоредување.

Пристигнуваат и возила за брза помош.

Се врши увид, засега не е познат мотивот.

 

МИА