Денеска (05.07.2022) во 09.37 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека во зграда во изградба на бул.„Цветан Димов“ во Кавадарци, извршувајќи работни задачи, при пад од кран од здобиените повреди на местото починале С.С.(51) и М.Н.(31), двајцата од Скопје.
Според пријавеното, со повреди се здобил и Ч.М. од Скопје и бил пренесен во болницата во Кавадарци за укажување лекарска помош.
Увид на местото вршат Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кавадарци.
За случајот е запознаен и Трудов инспектор.
извор: МВР
фото: Архива