Најмалку тројца повредени полицијци на протестот пред Собранието

0
438

Засега има најмалку тројца повредени полицијци на протестот пред Собранието каде што демонстрантите се судрија со полицијата, потврдија од МВР.

Демонстрантите, како што ни изјавија од МВР, фрлале со молотови коктели, камења, шишиња, петарди, ја пробија заштитната ограда и стигнаа до полицискиот кордон пред влезот на Собранието.

Но, полицијата ги растера демонстарнтите од пред главниот влез и ги потисна на улицата пред зградата на Собранието.

извор: MKD.MK