Весна Бејби: Македонскот јазик е тврдина, идентитетот е нешто за кое не се преговара

0
364

Вечерва излегов на протест за да ви кажам дека македонскот јазик е тврдина,идентитетот е нешто за кое не се преговара. Ова е наша работа за сите нас. Цел живот ни помина во уцени, притисоци и закани. Зошто да потклекнеме и да дозволиме да ни менуваат историја, култура…велат не се секирајте “бетониран е јазикот”. Па од бетон глава не кренавме! Сакаме да сме асимилирани, денационализирани и без историја? Да сме гости на сопствениот живот? Беше радикално вечерва и не поддржувам насилство, но народот е бесен и гневен✅ Жално и тажно за сите нас❤️во што ни помина животот?, напиша на Фејсбук, актерката Весна Бејби Петрушевска.

извор: ФБ Весна Бејби Петрушевска

фото: Архива