Австралија: Наредена евакуација на над 85.000 жители на Сиднеј кој е погоден од поплави

0
399

Надлежните власти во австралискиот град Сиднеј, кој е погоден од поплави, наредија евакуација на над 85.000 жители во најзагрозените подрачја, јавува Агенција Анадолија (АА).

Сиднеј, главниот град на австралиската држава Нов Јужен Велс, од 30 јуни го зафатија силни дождови кои предизвикаа излевање на браните, реките и поплави во голем дел од тој регион.

Владата на Нов Јужен Велс како зони на природна несреќа прогласи 23 населени места, а со тоа е исполнет условот за активирање на федералните ресурси за помош на загрозеното население.

Премиерот на Нов Јужен Велс, Доминик Перотет, изјави дека евакуацијата на населението е наредена поради метеоролошките прогнози, бидејќи во наредните денови можно е да дојде до нови врнежи.

Вчера беше наредена евакуација на 50.000 жители на најзагрозените региони, а денеска е издаден сличен налог за дополнителни 35.000 жители.

Сиднеј и соседните австралиски региони од март минатата година во четири наврати имаа големи поплави, а експертите тврдат дека тоа е уште еден показател за неопходноста од итна имплементација на програмата за борба против климатските промени.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото:Агенција Анадолија (АА).