Левица: СДС и ДУИ се единствен фактор на дестабилизација

0
306

Граѓаните вечерва беа сведоци на уште едно насилничко сценарио на пробугарската СДС и терористичката ДУИ, кога група кај Мавровка се обиде да ги каменува мирните демонстранти! Дел од лицата очигледно имаа намера да пукаат кон групата, а веќе во јавноста излегоа слики дека се работи за лица кои се партиски активисти на власта, објави на својот официјален ФБ профил Левица.

Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:

Јасно е дека се работи за смислено сценарио на власта во пад, со оглед на фактот дека пред неколку дена министерот Бујар Османи најави дека одбивање на предлогот ќе предизвика меѓуетнички тензии.

Фактот што народот се обедини како никогаш досега против таканаречениот француски предлог, доведе да СДС и ДУИ прибегнат кон нивните познати тактики на сценирани конфликти.

Тоа што министерот Оливер Спасовски постојано најавува дека има информации за тензии, наместо да преземе активности за да ги превенира истите – само потврдува дека хибридниот режим не избира методи за да ја спаси власта.

Денес бевме сведоци дека и покрај исценираните настани од вчера, илјадниците кои излегоа на протест не подлегнаа на провокациите кај Мавровка и продолжија да маршираат.

Единствени генератори на криза, поделба и меѓуетнички тензии се врховистичката СДС и амнестираната ДУИ!

Едно е јасно, народот излегува секој ден помасовно да протестира против распродавањето на АСНОМ-ските вредноста од една генерација на купени и уценети политичари.

Народот доаѓа по своето и нема сила која може да го сопре.

извор: ФБ профил Левица.

фото: ФБ профил Левица.