Душко Тошиќ по разводот со Карлеуша заминува од Србија

По 14 години брак поп пејачката Јелена Карлеуша се разведува од Душко Тошиќ, а по одлуката која заеднички ја донеле сите се прашуваат каде ќе живеат двајцата.

Имено Душко очигледно планира својот живот да го продолжи во Турција каде најчесто престојува во последно време поради работни ангажмани, но повремено доаѓа и во Србија поради децата и мајката.

Тошиќ инаку потполно посветено работи на својата кариера како фудбалски менаџер, а претходно живееше заедно со пејачката во вила на луксузна локација во Белград.

Вилата парот пред две години ја купи во вредност од 3 милиони евра, а во моментов Карлеуша живее во неа со двете ќерки.

Фудбалерот освен што има две вили во Белград има и куќа во Орловат, местото каде што живее неговата мајка.

Инаку според пишувањата на медиумите Тошиќ за три сезони во турскиот клуб Бешикташ од 2015 до 2018 година заработил 1.250.000 евра годишно, а имал и бонуси од 4 илјади евра од секој одигран меч.

По ова, тој премина во познатиот кинески клуб каде годишната плата му беше уште повисока или 5.800.000 евра по сезона, а со тоа стана и најплатен српски фудбалер.

 

kurir.mk