Спасовски вели дека безбедноста на Христијан Мицкоски не е загрозена и апелира за мирни протести

0
326

По инцидентите коишто се случија изминативе денови на протестите против францускиот предлог за кревање на бугарското вето во Скопје, расте притисокот за одговорност. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска порача дека не може да се бара оставки и одговорност од некој којшто спречил инциденти во главниот град.

„Полицијата го спречи инцидентот кај плоштадот „Скендербег“, вели Спасовски во врска со синоќешните инциденти кога едно лице впери пиштол, а други фрлаа со предмети кон граѓаните што протестираа. Спасовски презентираше видео-снимки и фотографија на која се гледа дека полицијата реагирала на лице место и спречила посериозен инцидент.

„Секој еден граѓанин мора да знае дека протестите мора да бидат мирни“, вели министерот. „Никому не му е дозволено да вади огнено оружје и да загрозува безбедност на ниту еден граѓанин во државата“. Тој апелираше за мирни протести.

извор:DW