(ВИДЕО) Застрелан поранешниот премиер на Јапонија, Шинзо Абе

Поранешниот премиер на Јапонија, Шинзо Абе денеска беше застрелан од зад грб за време на предизборен собир во градот Нара.

На Твитер се појавија првите снимки од моментот на нападот. По нападот, Абе паднал на земја, а неговите соработници веднаш дотрчале да му пружат прва помош.

Светските медиуми пишуваат дека Абе бил реанимиран, а според првичните информации погоден е во грбот и вратот. Очевидци изјавиле дека тој обилно крварел.

Во свесна состојба бил пренесен во болница, но наводно во меѓувреме ми откажало срцето, а лекарите се борат за неговиот живот.

Поранешниот гувенер на Токио, Јоичи Масузое соопштил дека Абе е во состојба на кардиопулмонарен застој. Овој термин во Јапонија се користи пред смртта да биде официјално потврдена, пренесува Би-Би-Си.

Јапонската полиција соопшти дека е уапсен осомничениот за нападот, 41 годишниот жител на Нара, Течуј Јамагами.

курир.мк