САД повикаа на воздржаност од насилство на протестите во Скопје

САД го почитуваат правото на македонските граѓани на мирно изразување мислења и гледишта и повикаа на воздржаност од секакво насилство на протестите во Скопје, изјавија од американскиот Стејт департмент. Оттаму укажаа дека пристапувањето на Северна Мaкедонијa во ЕУ е значаен фактор за засилување на безбедноста во Европа и за целокупната колективна безбедност. „САД е силен поддржувач на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ. Сметаме дека иднината на Западен Балкан е безрезервно во ЕУ. Процесот на проширување промовира долготраен мир, стабилност и просперитет низ целиот регион“, изјави портпарол на Стејт департментот.

 

Радио Слободна Европа