СЗО: Од мајмунски сипаници починаа 3 лица

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека во светот три лица починале од последиците предизвикани од мајмунските сипаници, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на организацијата наведено е дека се ревидирани податоците за ширењето на мајмунските сипаници од 1 јануари до 4 јули во земјите во кои е прогласена епидемија и во оние во кои не е.

Потврдени се три смртни случаи предизвикани од мајмунски сипаници и 6.027 случаи на зараза врз основа на примероците кои од 59 земји се пратени во 5 подрачни центари на СЗО.

СЗО, со оглед на паниката поради ширењето на заразата во некои земји, најави дека податоците ќе се ревидираат еднаш во две недели.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на вчерашната конференција за медиуми јасно изјави дека се соочуваат со низа потешкотии кога е во прашање тестирањето на мајмунските сипаници, поради што значаен број од случаите не е ставен во извештаите. ​​​​​​​

Гебрејесус рече и дека новите случаи се откриени на подрачјата на кои досега не биле.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).