Тело на обезглавен маж пронајдено на пругата во Осиек

Труп на непознат маж, со глава одвоена од телото, е пронајден денеска на пругата кај населбата Вијенац Иван Мештровиќ во Осиек, информираат од полицијата Осиек-Барања.

Телото на мажот е пронајдено на пругата нешто по 13 часот, спроти станбената зграда во таа населба.

Со оглед на тоа што немал лични документи со себе, неговиот идентитет не можел да се утврди, па телото е пренесено во Клиничкиот болнички центар во Осиек, каде ќе биде извршена обдукција.

Истрагата на местото на несреќата била извршена, а продолжила на железничката станица Осиек, бидејќи на еден од возовите биле забележани траги од крв. Полицијата се сомнева во самоубиство.

Ќе следи натамошна истрага со цел да се утврдат сите околности на овој настан, информираат од полицијата.

 

index.hr