Мицкоски за Прва.рс: Спремен сум да го завршам животот, дали вие сте спремни да го повлечете чкрапалото?

Владата преку своите криминалци се обиде да ве убие во текот на протестите, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на 6 јули откако од плоштадот Скендербег беше пукано на демонстрантите кои поминуваа под стоковната куќа Мост.

Во интервјуто за Прва.рс, Мицкоски објаснува дека заканите траат веќе 4 години, но кулминирале пред една година.

Јас сум единствен човек во Македонија, кој има најмногу рејтинг и кој ја води најголемата политичка партија, а кому државата не му дозволува обезбедување. И сето тоа е намерно, за да може да се случи, тоа што требаше да се случи пред некој ден. Но не исклучувам можност, бидејќи последните два дена повторно имам закани по мене и моето семејство. Но, јас им реков јас сум спремен да го завршам својот живот, дали вие сте спремни да го повлечете чкрапалото?

извор: Прва.рс