Free Porn
xbporn

Home МАГАЗИН Полагала дури 150 пати за други возачи!

Полагала дури 150 пати за други возачи!

0
463

Жена полагала околу 150 теоретски и практични тестови за други возачи. Индерџит Каур (29) од Ланели, Кармартеншир, призна дека правела тестови помеѓу 2018 и 2020 година за други возачи. И сега ќе се соочи со затворска казна до осум месеци.

Полицијата соопшти дека ги спроведувала тестовите на луѓе кои имале потешкотии со англискиот јазик.

Каур полагала за други во Свонси, Кармартен, Бирмингем и Лондон. Главниот детективски инспектор Стивен Малони рече дека злосторствата на Каур биле мотивирани од алчност.

Керолин Хикс од Агенцијата за стандарди за возачи и возила изјавила дека возачките дозволи добиени со измама може да бидат одземени, пишува „Би-Би-Си“.

– Тестовите за возење и теорија постојат за да се осигураат дека луѓето го имаат вистинското знаење, вештини и став да возат по нашите патишта. Заобиколувањето на тестовите ги става животите во ризик – додаде Керолајн.

vecer.mk