Воопшто не изгледа за толку, но таа денес го слави 50-от роденден

СОФИЈА ВЕРГАРА денеска го слави својот 50-ти роденден.

Таа на Инстаграм објави неколку фотографии од прославата. Имала две колачи, а со своето друштво уживала и во шампањ.

За да го прослави роденденот, Софија облекла долг летен фустан со длабоко деколте, а косата и била благо свиткана. Таа позираше насмеана, а фановите и ги напишаа најубавите желби во коментарите.

“Среќен ти роденден. Воопшто не си остарел. убава си како и секогаш”, “Како имаш 50 години?”, “Изгледаш како да имаш 25”, “Се надевам дека си среќна , среќен роденден“, велат следбениците на актерката во коментарите.

Да потсетиме, Софија Вергара стана популарна со улогата на Глорија во серијата Модерно семејство. Таа беше најплатената актерка на американската телевизија од 2013 до 2020 година.

 

index.hr