Паѓа владата на Абазовиќ

ДПС на претседателот Мило Ѓукановиќ од вчера повеќе не ја поддржува актуелната власт во Подгорица. Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ вели дека останува да се види каков е ставот на мнозинството пратеници.

Причината за ваквата одлука е усвојувањето на Нацрт-основниот договор што треба да го потпише владата на Црна Гора со Српската православна црква (СПЦ).

ДПС по седницата на Претседателството соопшти дека оваа партија, која има 30 претставници во парламентот, ќе ја одбие поддршката на владата на премиерот Дритан Абазовиќ.

„Владата повеќе ја нема нашата поддршка, бидејќи приоритет за ДПС е, беше и останува европската агенда. Без калкулации ја поддржавме Владата, сметајќи дека Европската Унија е наша заедничка цел. Сега, кога, за жал, е јасно дека не е така, продолжуваме без калкулации да се бориме за истата цел“, изјави Јевто Ераковиќ, член на Претседателството на ДПС.

 

kurir.mk