Обилни врнежи од дожд го зафатија Истанбул

Обилните врнежи од дожд што ја зафатија турската метропола Истанбул, во различни делови на градот предизвикаа поплави и несреќи на патиштата, јавува Агенција Анадолија (АА).

На градилиште во Општина Ѓунгорен, градежната опрема и камионите практично останаа под вода. Локалните власти работат на испумпување на водата на таа локација.

Во некои делови од градот поплавени се и многу домови, а во некои места е забележана и материјална штета како последица од обилните врнежи.

Во подрачјето на Сариер поплавена е џамија, а локалните тимови работат на испумпување на водата од местото за богослужба.

Али Јерликаја, гувернерот на Истанбул, за новинарите изјави дека според досегашните сознанија поплавени се вкупно 128 станови, 12 деловни објекти и три фабрики.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).