,,Грчко катче,, предупредува, зошто треба да се внимава на плажата Посиди

0
515

Фејсбук страницата „Грчко катче ‘денеска предупреди зошто треба да бидете особено внимателни во овој агол на Халкидики на плажата Посиди.

„Постар жител на Каландра, веднаш до Посиди, го напиша следново: „Посиди (или Амоглоса – песочен јазик во превод) е точката што го поврзува Солунскиот залив со Егејското Море. Обликот на оваа плажа се менува поради плимата и осеката… Кога дува северен ветер, врвот (или Мити-нос, како што го нарекуваат Грците) се свртува кон Солунскиот залив, а кога дува јужен ветер се врти кон од спротивната страна, кон местото Посида. Во околината има силни струи, при сите временски услови. Постарите секогаш ни велеа никогаш да не пливаме на самиот врв на плажата Посида бидејќи струите влечат како правосмукалка. Во последните години се случува токму спротивното. Многу туристи се капат без да се грижат за струја. Секоја година некој се дави токму тука“, објавија тие.

На оваа плаже пред три дена во немирното море големи проблеми имаа тројца Македонци, за среќа двајца од нив беа спасени од водите на Егејот, а крајбрешната стража на Грција се уште трага по третото момче од Македонија.

 

Канал5