Во Истанбул започна состанокот меѓу Туркије, Украина и Русија за транспорт на украинското жито

0
324

Во Истанбул започна состанокот на воените делегации на Анкара, Киев, Москва и претставници на Обединетите нации (ОН) за поморскиот транспорт на украинското жито и други намирници, јавува Агенција Анадолија (АА).

Делегациите ќе разговараат за безбедната испорака на намирниците по морски пат, кои чекаат во украинските пристаништа.

Состанокот на делегациите се одржува во павилјонот Календер во Истанбул.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).