Џамбаски на профилна фотографија со карта од Голема Бугарија во кој е и територијата на Република Македонија

0
283

Европратеникот Ангел Џамбаски на профилната фотографија на социјалните мрежи ја накити со карта од Голема Бугарија, во која ја вметнал и територијата на Република Македонија.

Под неа Џамбаски порачува да „не се предава Македонија“ и дека „борбата продолжува“.

Денеска во македонското Собрание ќе се одржи 80 седница на која ќе се обрати претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, а по неа на пратениците ќе им се обрати и премиерот Димитар Ковачевски.

Пред Собранието во 12 часот ќе започне големиот народен протест, со кој граѓаните повторно ќе порачаат дека се против францускиот предлог и бугаризацијата на Македонија.

https://www.facebook.com/Djambazki.VMRO

 

republika.mk