Долго очекуваното летување во хотелот Мелиса во Анталија, Турција, за Бисера Томиќ од соседна Србија се претворило во вистинска агонија, откако во градината на хотелот и паднала палма врз глава, објави Фокус.мк.
Тешко повредена, таа била пренесена во болница, каде раната и била сошиена, и биле направени снимки кои покажале дека главата и вратот и се добри, но проблемите започнале кога требало да се плати сметката за лекување.
-Цело дрво ми падна врз глава, со возилото на итната медицинска помош бев пренесена во болница. Го предадов таму пасошот и осигурувањето, и тогаш започна агонијата.
Аранжманот и комплетното осигурување ги купив преку агенцијата со која дојдов во Турција. Но, на телефонскиот број на осигурителната куќа никој не се јавуваше. Се јавува говорна пошта која кажува дека линијата има дефект, а пак ако се ѕвони од Србија, се јавува вработен, но само до 16 часот во работен ден. И од агенцијата никој не ми одговори на повиците и пораките.
Текстот во целост на: Фокус.мк.
фото: Фокус.мк.