Кумановец загина во Македонски Брод, кога багер паднал во провалија

На 15.07.2022 во 11.08 часот било пријавено дека во Македонски Брод, во месноста викана “Долна ричка“, С.С.(65) од Куманово, при изведување градежни работи, односно управувајќи со работна машина “багер“ паднал во провалија и починал на местото на настанот.

Од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Македонски Брод.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.