Залутан куршум од непознат калибар паднал во соба во Тетовско

Жител на тетовски Челопек во полиција пријавил дека ноќеска откако слушнал истрели, заталкан куршум завршил во една од собите во неговата куќа.

На 18.07.2022 во 00.34 часот во СВР Тетово, Р.С.(50) од тетовски Челопек пријавил дека околу 00.15 слушнал истрели од огнено оружје, по што едно залутано зрно непознат калибар паднало во собата на неговиот син Ф.С.(18). Извршен бил увид и се работи на расчистување и документирање на случајот, информираат од СВР Тетово.

За пет дена ова е втор случај со заталкан куршум, при што во првиот инцидент на 13 јули имаше и повредено 59 годишна жена во Тетово.

извор: МВР