Соларна бура предизвика огромна ерупција на површината на Сонцето и ќе ја погоди Земјата на 19 јули во утринските часови. Пред пет дена џиновска сончева дамка ги исплаши астрономите за можни сончеви блесоци и исфрлање на коронарна маса кон Земјата.
Претчувствата се остварија, бидејќи во петокот на површината на Сонцето избувна огромен сончев блесок. Научникот и истражувач од непрофитната Aerospace корпорација и наградуван едукатор Тамита Сков предвидува директен погодок на соларната бура во Земјата.
„Тоа ќе биде директен погодок. Филамент кој личи на змија е лансиран како голема соларна бура додека бил во зоната на удар во Земјата. НАСА предвидува удар во раните утрински часови на 19 јули. Можни се силни аурори длабоки во средните ширини“, напиша Сков ва својот твит.
I was behind with recent solar observations as I was on air travel to attend #COSPAR2022. I knew about the gorgeous eruption of a very long filament on 2022-07-15, thanks to a timely report by @hillsblockview. Now I am amazed by these images. I agree it will come around the 19th. https://t.co/G4N6VC9sCf pic.twitter.com/yqg2itaOWt
— Halo CME (@halocme) July 16, 2022
За споредба, најголемата соларна бура која е снимена во историјата, позната како настанот Карингтон, испржи телеграфски жици и предизвика шумски пожари, носеше класификација Г5.
info.mk