Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен и премиерот на Чешка, Петр Фиала, како претставник на чешкото претседателство со ЕУ, ги пречекаа премиерите на Северна Македонија и Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, во Брисел каде треба да се одржат првите меѓувладини конференции на двете земји за почеток на преговорите со ЕУ.
По 17 години кандидатски статус Македонија денеска во Брисел ги започнува преговорите за полноправно членство во Европската Унија. Утринава се одржа првата меѓувладина конференција. Прва говореше претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, која кажа дека Македонија наскоро со нас ќе го потпише ФРОНТЕКС договорот. Ова ќе ја зајакне соработката во однос на миграцијата.
-Димитар, можеш да сметаш на мојата поддршка дека договорот ќе биде преведен на македонски јазик, без фусноти, без цртички, на еднакво ниво со сите 24 европски јазици, истакна фон дер Лајен.
Најави засилување во инвестициите, максимално користење на енергијата, европските фондови, што ќе значи и нови работни места.
-Покажавте лидерство, визија, стратешко трпение, Еди Рама неизмерно многу, но најважно од се е што во овие времиња на рсуката брутална војна вие постојано укажувавте дека европските вредности остануваат вашите основи, истакна Фон дер Лајен.
фото: PRTSC