Во сообраќајна несреќа во Египет 22 загинати, 33 повредени

0
302

Најмалку 22 лѓе загинале, а 33 се повредени во сообраќајна несреќа во близина на јужната египетска провинција Миња.

Несреќата се случила кога патнички автобус удрил во запрен камион на автопатот што го поврзува главниот град Каиро со јужниот дел на земјата.

Властите соопштија дека камионот менувал гуми на патот кога автобусот удрил во него на околу 220 километри јужно од Каиро.

фото: indiatvnews.com