Топлотниот бран во Европа носи не само високи температури и пожари, туку го намалува драстично и нивото на водата на реките.
На оваа фотографија е реката Рајна, кај Келн. Нивото на водата е намалено толку, што на некои места се гледа дури и дното. Ескпертите велат дека годинава спуштањето на нивото на водата се случува рано. На транспортните бродови кои пловат по реката им е дадено предупредување да не товарат до максимум. Според прогнозите, состојбата со водата во Рајна и други реки во Германија нема да се промени во наредните две недели.