Планетата гори, Луцифер пристигнува. Две огнени слики од вселената покажуваат каков пекол ни доаѓа

„Луцифер“, жешкиот топлотен бран кој веќе беснее во Европа, се приближува кон Србија, па ќе следат денови и ноќи на неподнослива топлина, а две слики од вселената најдобро ја покажуваат неговата запрепастувачка моќ.

Ако ја погледнете температурната карта на Гугл и мапите објавени од НАСА, јасно е дека овој жежок топлотен бран го опкружува Балканот како прстен и наскоро можеме да очекуваме оваа воздушна маса да доминира во нашата клима.

Една карта покажува пеколна топлина и неверојатна температура која во некои области на границата меѓу Ирак и Иран била и до 50 степени Целзиусови!

Како што напиша „Блиц“, а најавија климатолозите, судејќи според прогнозите, во Србија се очекува едно од најжешките лета. Климатските промени вклучија „црвен аларм“ во светот, а во годините и децениите што следат нè очекуваат се повидливи промени кои вклучуваат топлотни бранови со температури од 40 и повеќе степени.

 

blic.rs