На ден 15.07.2022 год. припадници на шумочуварската служба од ПШС КАРАЏИЦА – Скопје на наплатна рампа Петровец , спроведоа акција за делење на флаери од ЈП Национални шуми и Министерството за внатрешни работи, под мотото: Пламените јазици се незапирливи и Палење на шумите е криминал.
Шумите се меѓу најбогатите екосистеми на планетата, дом се на околу 80% од копнените животни и растенија во светот (податоци од ФАО). Благодарение на нивното присуство и интеракција, се случуваат процесите на опрашување, растурање на семиња и оплодување на почвата.
Шумите играат фундаментална улога за животната средина, населението и економијата. Освен што ги намалуваат ефектите од климатските промени и природните катастрофи, тие претставуваат голем дел од најбогатите биолошки области на земјата. Тие, исто така, обезбедуваат храна, обновливи суровини за многу од нашите производи и егзистенција за милиони луѓе.
Оваа акција, како и останати слични акции во соработка со Министерството за внатрешни работи ќе бидат спроведени на поголем број локации на територијата на нашата држава.
ШУМАТА ЌЕ ВИ ОДГОВОРИ НА НАЧИНОТ НА КОЈ ЈА ПОВИКУВАТЕ.
Финска поговорка
стои во ФБ објавата од ЈП Национални шуми.