Населението на Грција се намалило за 3,5 отсто во последната деценија, објавија локалните медиуми цитирајќи ја Агенцијата за статистика на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според последниот попис завршен оваа година од страна на Грчката статистичка управа (ELSTAT), во Грција моментално живеат 10.432.481 жител, соопшти грчката државна новинска агенција АМНА.
Ова укажува на пад на бројноста на населението за 3,5 отсто во споредба со 10.815.197 регистрирани жители со последниот попис во 2011 година.
Жените сочинуваат 51,3 отсто од вкупното население (5.357.232), додека 5.075.249 се мажи.
Извештајот, исто така, открива дека речиси 3,8 милиони луѓе живеат во децентрализираниот регион Атика, кој ги вклучува главниот град Атина и блискиот пристаништен град Пиреја.
извор: Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).