Портпаролот на Комисијата за заразни болести (КЗБ) д-р Злате Мехмедовиќ денеска на прес конференција информира дека иако има зголемување на бројот на новозаразени со Ковид-19, состојбата во болниците е стабилна и нема зголемување на бројот на хоспитализирани во болниците.
-Тоа значи дека болничките капацитети сега се доволно. Најголемиот товар во моментов е на грбот на матичните лекари, рече Мехмедовиќ.
Тој информира дека денеска на состанокот на КЗБ е дискутирано отворање на пет ковид-амбуланти на територија на град Скопје.
-Градот е назасегнат со број на новозаразени на ниво на примарна здравствена заштита. Ова ќе биде добро решение за да се скратат проблемите и во делот на дијагностика, но и во процесот на третман и следење на пациентите. тие пет ковид-амбуланти ќе бидат во просториите на Здравствен дом Скопје и ќе бидат во петте поголеми Клиники во Скопје – Идадија, Јане Сандански, Ѓорче Петров, Ченто и во Чаир. Со постоењето на овие ковид-амбуланти, ќе се олесни товарот врз матичните лекари и ќе ги направи услугите за граѓаните подостапни, рече д-р Мехмедовиќ на денешната прес-конференција.
фото: PRTSC