ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Криминалниот хаос во Прилеп продолжува – петто опожарување на автомобил во само еден месец!

Криминалниот хаос во Прилеп продолжува! Не помина ниту еден ден од палењето петто опожарување на автомобил во само еден месецна автомобилот на пратеникот Петар Ристески, за прилепчани повторно да посведочат за ново опожарување на автомобил. Ова е , нешто кое не е запаметено во минатото!, велат во партиското соопштение од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Очигледно присуството на полициските службеници од Скопје и припадниците на неколкуте полициски единици во текот на вчерашниот ден, не ги одврати сторителите од своите најлоши намери. Тоа е уште еден доказ дека криминалот е навлезен толку длабоко, во секоја општествена пора, што за негово искоренување е потребна сериозна и макотрпна работа.

Прилеп благодарение на централната власт и МВР предводено од Оливер Спасовски, е претворен во град на мафијата, насилството и безредието. Што ли уште треба да се случи во нашиот град, за Оливер Спасовски да покаже лидерски способности и да се охрабри да постави вистински луѓе на вистинско место кои успешно ќе се носат со предизвиците?
Полицијата и обвинителството мора да бидат вистински сервис на граѓаните кои ќе реагираат брзо, навремено и со сите свои механизми ќе ја штитат безбедноста и сигурноста. За жал, нивните заложби во овој момент се покажуваат како неуспешни.

Затоа е потребна итна смена на централната власт и поставување луѓе со искуство и знаење на позиции, кои ќе помогнат во надминување на оваа хаотична состојба во која е доведен нашиот град. Борбата со криминалот мора да биде бескомпромисна, без исклучоци!, се вели во соопштението на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

извор: Курир.мк

фото: Курир.мк