Денеска во Туркије е поставен камен-темелникот на четвртиот реактор на нуклеарната централа „Акују“ во Мерсин, на брегот на Средоземното Море, известува Агенција Анадолија (АА).
Работата на четвртиот реактор значи дека првата нуклеарна централа на земјата е еден чекор поблиску до официјалниот почеток на производството на електрична енергија закажан за 2023 година.
Се очекува четирите реактори да работат деноноќно 60 години.
Министерот за енергетика, Фатих Донмез, на церемонијата на поставувањето камен-темелник потврди дека нуклеарната енергија е важна опција за задоволување на зголемената побарувачка за енергија по пандемијата и намалување на глобалните емисии.
„Кога ќе бидат завршени, четирите реактори ќе задоволуваат околу 10 проценти од нашата побарувачка за електрична енергија“, рече Донмез.
Првата нуклеарна централа на земјата обезбеди турските инженери да го стекнат потребното знаење и искуство преку нивното образование во странство за управување со нуклеарни централи.
До денеска, 246 од 317 студенти го завршија образованието за нуклеарна енергија во Русија и работат во „Акују“, додека останатите 71 сѐ уште се школуваат во Русија.
„„Акују“ ќе игра значајна улога не само со електричната енергија која ќе ја произведува, туку и со нејзиниот придонес кон нашата цел за зелена енергија“, рече Донмез.
Оваа нуклеарна централа ќе спречи емисија на 35 милиони тони јаглерод во една година и 2,1 милијарда тони јаглерод во текот на 60-те години.
извор: Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).