Ослободителна пресуда добиле таткото и ќерка од Косово кои беа обвинети за бесправно градење на бунгалови во Леуново

0
425

Ослободителна пресуда добиле таткото и ќерка од Косово кои беа обвинети за бесправно градење на бунгалови во Леуново.

Шериф Ракума и Блерта Рамука и двајцата од Косово и правното лице „Радика Резорт” ДООЕЛ увоз извоз с.Леуново Општина Маврово и Ростуше, според судот не се виновни за бунгалови на брегот од Мавровското Езеро.

Судијата Даут Рустеми, од основен суд Гостивар проценил дека не се докажало дека обвинетите го сториле кривичното дело Бесправно градење од чл.244-а став 1 од Кривичниот законик, а за правното лице за кривично дело Бесправно градење од чл.244-а став 5 в.в со став 1 од Кривичниот законик, кое им се става на товар, објави МКД.мк.

Јавен обвинител кој го застапувал обвинението е Хазби Исеини од Основно Јавно обвинителство Гостивар. Во Пресудата во делот на образложението не е наведено дека Јавниот обвинител доставил извод од казнена евиденција како доказ за осудуваност или неосудуваност на Шериф Рамука и Блерта Рамука.

Пресудата е донесена на ден 04.07.2022 година, а јавно објавена на ден 07.07.2022 година во која пресуда застапникот на обвинението не докажал надвор од разумно сомневање дека обвинетите го сториле делото за кое се обвинуваат, додаваат од Судот.

Обвинетите во текот на постапкаа кажаа дека не чувствуваат вина за овој случај, а нивниот законски застапник пред Судот истакна дека постојат докази со кој ќе му предочат на судот дека ниту двајцата обвинети, ниту нивната фирма немаат вина за бесправното градење на градбите на брегот на Мавровското Езеро.

Гостиварското обвинителство на почетокот на февруари годинава поднесе обвинение против татко и ќерка, државјани на Косово, како и против нивната фирма, заради бесправно градење на бунгалови во Леуново, блиску до езерото.

По неколку месеци беше утврдено дека инвеститорите добиле наредба да запрат со градежните активности, но сепак тие продолжиле да ги градат објектите спротивно на закон.

Во соопштението за поднесениот обвинителен акт пишуваше дека се однесува на две физички и едно правно лице за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а од Кривичниот закони.

извор: mkd.mk

фото: mkd.mk