Баба Сузе блеска од радост кога е заедно со внуката Клара,посакува да стане и пра-баба!

Внуката на Сузана Спасовска (57) ги освои срцата на следбениците на социјалните мрежи.

Внуката на Сузана Спасовска, малата Клара, има посебно место во срцето на нашата фолк-пејачка.

Сузана важи за личност која е многу приврзана за семејството и семејните вредности, па никој не е изненаден кога ќе објави емотивна порака за својата внука или ќерка.

Колку популарната пејачка е среќна во својата нова животна улога сведочи и нејзината песна „Бабо, Бабо“ која минатата година ја изведе на Лешочкиот Фолк Фестивал.

Песната е подарок за нејзината внука, но и за сите среќни бабички и нивните внучиња, како што самата соопшти на Фејсбук.

Сузана тогаш објави и преубава фотографија на која е со својата весела внукичка, а многумина и порачаа дека пејачката блеска додека ја држи малата Клара во прегратките, но и дека таа е нејзина копија, како и нејзината ќерка Теона која исто така многу потсетува на неа.

Теона е во среќен брак со Виктор Велковски кој ја запроси во јануари 2019 година. Свадбата беше убава и весела, а покрај невестата во центарот на вниманието беше и нејзината мајка која цело време играше и пееше.

Како што во една пригода раскажа за нашите медиуми, Сузана цела вечер не спиела од возбуда додека чекала да се породи нејзината ќерка. Таа цели три дена не спиела и будна го пречекала новото поглавје во животот, а заради мерките за заштита и пандемијата, не била на Клиника, туку седела дома и чекала да и се јават кога ќе се роди бебето.

„Прво плачев од неизвесност, а кога веќе ми се јавија дека Клара се родила и дека сé е во ред, продолжив да плачам од среќа“, изјави Спасовска своевремено за „ММС“ и додаде дека од тој ден има и најголема желба, а тоа е да стане среќна и таа како и нејзината мајка, да дочека да стане пра-баба.

Инаку, за разлика од својата позната мајка, Теона не тргна по нејзините стапки и многу ретко се експонира во јавноста.

 

glamur.mk