ЈП Национални шуми: Шумскиот пожар меѓу селата Митрашинци и Будинарци сѐ уште активен

Според податоците од теренот добиени од вработените во ЈПНШ кои учествуваат во гаснењето, пожарот е под контрола и сѐ уште се дејствува во обиколен простор каде што сѐ уште тлее и гори.
Се дејствува од противпожарни сили по земја и со поддршка од воздух со полицискиот хеликоптер со ведро за гаснење пожар. Важно е, посочуваат, што сега на терен близу пожарот е направен базен со вода од противпожарните сили од кој хеликоптерот го полни со вода ведрото и времето на дејство со хеликоптерот е скратено за три пати, бидејќи не мора да полни од Беровско Езеро.
Вчера, во текот на денот на пожарот во утринските часови интервенирал хеликоптер на МВР, додека потоа во попладневните часови интервенирал и авион на ДЗС.
На терен интервенирале следните екипи: ДЗС – 30 луѓе со 4 возила; ТППЕ Берово – 6 луѓе и 2 возила; ТППЕ Делчево – 4 луѓе со 1 возило; Доброволно ППД Кочани – 5 луѓе со 1 возило; ШС Малешево – Берово со 22 луѓе со 3 возило, ШС Равна река – Пехчево со 8 луѓе и 2 возила; ШС од Радовиш со 5 луѓе и 1 возило; ШС Виница со 5 луѓе и 1 возило; ЈПКР Услуга со 10 луѓе и 2 возила и 15 лица од локалното население.
Од утринските часови денеска, интервенира хеликоптер на МВР, како и 35 лица од околните подружници на ЈП Национални шуми, 20 лица од ДЗС и неколку лица од месното население.
ЈП Национални шуми