Раст на нафтата на лондонскиот пазар

На лондонскиот пазар цената на нафтата порасна минатата недела, првпат по тринеделен пад, бидејќи трговците оценуваат дека и покрај забавувањето на растот на светската економија, понудата може да биде послаба од побарувачката.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се зголеми за 2 отсто, на 103,20 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 3 отсто, на 94,70 долари.

Минатата недела цените на „црното злато“ флуктуираа доста, во зависност од тоа дали инвеститорите беа фокусирани на вести за побарувачка или понуда.

Поради високата инфлација, повеќето централни банки во светот ги зголемуваат каматните стапки, што ќе го забави растот на економиите, а со тоа и побарувачката на нафта.

 

vesnik.mk