ЦУК: Пожарот кај Погана е активен и се движи кон с.Гавато

Пожарот кај место викано Погана е активен и се движи од с.Гавато према с.Грчиште. Кај с.Гавато е запрен на 100 до 200 м од селото. На терен за гаснење на пожарот моментално се екипи на ДЗС од Валандово -тим за брз одговор со 13 вработени,комуналец од Богданци со 10 луге, ДППД Дојран со 1 цистерна ,ТППЕ Струмица со 1 теренско возило со пумпа и 5 пожарникари.
Хеликоптер на АРСМ пристигнал во 06.00 часот и веќе два пати има дејствувано, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.