Разорен земјотрес од 7,1 степени на Филипините, срушени згради, оштетена болница

Силен земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди филипинскиот остров Лузон, соопшти Американскиот геолошки институт, при што е предизвикана голема штета на болница и неколку згради на северот на земјата, а најмалку едно лице е повредено. пренесоа агенциите.

Засега нема информации за можни жртви на земјотресот, чиј епицентар бил на околу 11 километри југоисточно од градот Долорес и на длабочина од 10 километри, објави Ројтерс.

Според извештаите на локалните власти, болница во провинцијата Абра била евакуирана откако дел од зградата се урнала, но нема повредени.

Еден постар човек ја повредил ногата и е пренесен во болница, изјави за АП Михаел Бриљантес, претставник на локалните власти во градот Лагангиланг, во Абра, кој е блиску до епицентарот.

Бриљантес рече дека многу куќи и згради имаат пукнатини на ѕидовите, а некои се урнати.

nova.rs