Имено, 433 добитници на џекпот побарале паричната награда да се подели и секој да добие 545.000 пезоси (9.000 долари).
Лотаријата ја администрира Филипинската добротворна лотарија (PCSO), владина агенција под Канцеларијата на претседателот чија задача е да собира средства за здравствени програми и добротворни цели.
„Постои итна потреба Конгресот да го заштити и обезбеди интегритетот на лотариските операции на ПЦСО со оглед на нивниот придонес во националната ризница и економијата“, рече лидерот во Претставничкиот дом.
„Мораме и да ги заштитиме надежите и соништата на милиони Филипинци кои секојдневно ги поддржуваат извлекувањата на лотаријата“, додаде тој.
vesnik.com