Ацо Пејовиќ во солзи, Алмира, девојето на која пејачот ѝ го спаси животот дојде на негов концерт

0
652

Ацо Пејовиќ пееше синоќа во босанскиот град Витез, кога на сцена во еден момент излезе малата Алмира Патковиќ.

Станува збор за девојка чие лекување Ацо го платил пред една деценија. Организаторите на концертот ја донесоа како изненадување на Пејовиќ. Кога пејачот ја видел, не можел да поверува. Ја прегрна цврсто, ја подигна, а потоа ѝ ја бакна раката.

– Не го очекував ова… Ме расплака. Да си жива и здрава срце мое! Срцето ми е толку полно кога ќе те видам. Не ни знаев дека си ти тоа бебенце што го држев в раце… – рекол Ацо.

Девојката му донесе и симболични подароци, меѓу кои имаше и слика.

Алмира имала само 4 месеци кога Ацо Пејовиќ ѝ донирал пари. Потоа ѝ била неопходна операција на дебелото црево. А денес благодарение на добрите луѓе, пред се на Аца, таа израсна во вистинска мала убавица која денес е здраво девојче.

 

telegraf.rs