(ВИДЕО) Се урна надвозник во изградба во близина на грчкиот град Патра, во тек спасувачка акција

Во тек е спасувачка акција на противпожарната служба на Грција во близина на грчкиот град Патра, откако од засега непознати причини, се урнал мост под изградба, а неофицијално под мостот имало луѓе, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, станува збор за надвозник кој од 2021 година е затворен поради поправки. Засега има информација за двајца мртви, но има и заглавени граѓани.

https://twitter.com/InfosFrancaises/status/1683071208063893504?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1683071208063893504%7Ctwgr%5E2c338e30c15d5c2032a1acea03c2ae04f517ccaa%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2Fvesti%2Fbalkan%2Fse-srushi-del-od-most-vo-grtsija-najmalku-dvajtsa-mrtvi%2F