Напаѓачот на Милан ја доби улогата на амбициозниот водач Антивирус, на кого Цезар му ја доверил задачата да го избрише непобедливото галско село, единствената територија во Галија која не ја освоил.
Трејлерот за најновиот филм за стрип јунаците Астерикс и Обеликс под насловот „Астерикс и Обеликс: Средното царство“ (Asterix and Obelix: The Middle Empire), кој е и актерска премиера на легендарниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ, конечно излезе.
Со вкупна пресметка од 60 милиони долари, петтиот филм од славниот серијал ќе биде еден од најскапите во француската историја.
Напаѓачот на Милан ја доби улогата на амбициозниот водач Антивирус, на кого Цезар му ја доверил задачата да го избрише непобедливото галско село, единствената територија во Галија која не ја освоил.
Поранешниот непријател на Галија од селото, офицерот Каиус Бонус (го игра францускиот актер Жан-Пјер Касталди) бил отстранет од должноста, а на негово место пристигнува Гај Антивирус, во римскиот гарнизон во соседството на селото.
info.mk