Мис Косово разочарана од изборот на Мис Универзум

На 71-от избор за Мис Универзум победи Американката Р’Бони Габриел. Аманда Дудамел од Венецуела беше крунисана за прва придружничка, а Андреина Мартинез од Доминиканска Република втора вицешампионка.

На официјалните профили на Мис Универзум на социјалните мрежи е објавено видео од прогласувањето на победничката, на кое се гледа дека не сите биле воодушевени од победата на претставничката на САД. На видеото се гледа како претставниците на САД и Венецуела го чекаат соопштението, а потоа и реакциите по официјалната одлука.

Аманда Дудамел со насмевка реагираше на победата на Американката, како и повеќето девојки од изборот, но во кадар беше и Мис Косово Роксана Ибрахими, која не го криеше разочарувањето. Додека другите девојки му аплаудираа на Р’Бони за победата, Роксана само застана меѓу нив, а потоа нешто и шепна на претставничката на Венецуела која застана во нејзина близина по прогласувањето на победникот.

23-годишната Роксана студира стоматологија на колеџот Алма Матер и доаѓа од Приштина. Во слободно време чита книги, практикува во својата професија и се занимава со фитнес. Се залага за зачувување и заштита на животната средина во Косово. Откако нејзината мајка починала од рак, Роксана почнала да им помага на пациентите во Заедницата за поддршка на ракот, која им овозможува на пациентите пристап до ресурсите за лекување.

 

index.hr