Викендов се случила тепака во новоотворен ресторан во Мионица во Србија. Лица од обезбедувањето се тепале со гостите кои дошле на свадбата, кршеле чаши и се качувале на столици.
Според исказите, тепачката настанала кога еден од гостите скршил чаша, а веднаш бил опоменет од обезбедувањето. Се качил и на столица па го однеле во тоалет, каде му удриле две шлаканици.
reporter.mk