Во најстудениот град на светот моментално е -50 Целзиусови степени, користењето на мобилни е невоможно!

Градот Јакутск во источен Сибир е едно од најстудените места во светот, но оваа година доживеа особено долготраен и силен студен бран, пишува Ројтерс. „Не можете да се борите со тоа“, рече еден жител со два шалови околу вратот и повеќе слоеви ракавици, капи и качулки. Или се прилагодувате и се облекувате соодветно или страдате“, додаде тој.

Еден жител додаде дека најважно е да има топли панталони. „Тука се губи најмногу топлина. Ако нозете ви се ладни, нема начин да се загреете“, заклучила таа завиткана во неколку слоеви топла облека. Но, и покрај студот, животот во тој град не запира – пазарот е отворен, жителите доаѓаат да купат риба, а продавачите не затвораат додека не продадат сè.

Во 2018 година, температурите во оваа област паднаа толку многу што жителите тврдеа дека трепките им паѓаат од студот. Сега стравуваат дека тоа би можело да се повтори. Просечната температура за овој период од годината во Јакутск е минус 40 степени Целзиусови.

И додека Јакутск е најстудено населениот голем град во светот, дури 21 час возење од него крие село кое е последно населено село во областа и во исто време најстудено населено село во светот. Во зима, температурите таму паѓаат до -60°C. Станува збор за селото Ојмјакон.

Најниската измерена температура таму е -71,2°C, ретко дува ветер, а годишно паѓаат само 200 милиметри дожд. Од друга страна, во лето температурите одат и над 20°C, а највисока температура во тоа село е забележана во 2010 година кога живата покажала 34,6°C. Просечната годишна температура е -15°C.

 

Со оглед на тоа што земјата замрзнува до големи длабочини, Русите кои живеат таму имаат проблеми дури и со изградба на одводи, па тоалетите најчесто се поставуваат надвор од куќите. Користењето мобилни телефони во зима е невозможно.

 

index.hr