Нова кривична пријава против директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми.
Овој пат таа доаѓа од жител на Дебар, кој го обвинува Муареми за наводна злоупотреба на функцијата, насилство и мачење. Тој ова го пријавил до Обвинителството на Вилма Русковска, републичкиот обвинител Љубомир Јовески, премиерот Димитар Ковачевски како и до министерот за финансии Фатмир Бесими. Во пријавата е наведено дека се работи за легализација на објект во Дебар. Од Финансиска полиција велат дека водат предмет против лицето кое го пријавило Муареми. Неофицијално се работи за легализација на три објкти, сите перални за возила во Дебар. Земјиштето било државно, а правото на користење било дадено на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. Иако Државното правобранителство знаело дека имотот го користи државна институција, сепак дало позитивно мислење за имотот да се оттуѓи во корист на жителот од Дебар кој сега поднесува кривична пријава против Муареми. Директорот на Финансиската полиција Муареми, вели дека ова е само еден од повеќето напади против него и инститцијата, објави Канал 5.
извор: Канал 5.
фото: Архива