Во Црна Гора задолжтелно со маска

Во Црна Гора, поради влошување на епидемиската состојба предизвикана од коронавирусот, во следните 15 дена ќе биде задолжително носењето заштитни маски, а здравствените власти уште еднаш апелираа до граѓаните да се вакцинираат против Ковид-19.

Директорот на Институтот за јавно здравје Игор Галиќ изјави дека поради зголемувањето на бројот на заразени и хоспитализирани лица, воведено е задолжително носење заштитни маски во сите институции на јавната администрација, маркети, аптеки и бензински пумпи.

Галиќ изјави дека е задолжително носењето заштитни маски во затворените места на аеродромот, железничките и автобуските станици и најави дека ако овие мерки не доведат до подобрување на состојбата, ќе следи задолжително носење маски во сите затворени места.

makfax.com